Легендарниот фудбалер Златан Ибрахимовиќ, денес објави фотографија на социјалните мрежи со која го најави враќањето во виртуелниот свет на “FC26”.
“FC без Златан не е комплатна. Се вратив!”, напиша Ибра покрај фотографијата.
На фотографијата која е во носталгичен стил, се гледа дресот на Златан со бројот 10, постерот на Роналдо, идолот на Ибра кој инспирираше бројни негови фудбалски акробации и Златан кој ја чита автобиографијата на својот омилен бразилски фудбалер.

Фотографијата е рекреација на стара негова фотографија од 90-тите години, на која тој ја чита автобиографијата на Роналдо. На таа фотографија во позадина исто така може да се видат постерите на Бразилецот, а на мониторот легендарната компјутерска игра.

Инаку, играта треба да излезе во септември 2026 година, а компанијата “EA” која стои зад неа е во фаза на ребрендирање од “FIFA” во “FC”, потег кој започна после тужбата за лиценцирање на името во 2022 година, која чинеше 1 милијарда долари.



