На денешен ден: Првото финале за Хрватска и скршените срца на “коцкастите”

 

Објавено:

На денешен ден, 15 јули, пред точно седум години, Хрватска го играше своето историско финале, а еден од ветераните и легендите на “коцкастите” го одигра својот последен натпревар во националниот дрес.

Марио Манџукиќ беше истовремено херојот и трагичарот на хрватската репрезентација на тоа Светско првенство. Неговиот гол против англиската репрезентација во 109 минута од полуфиналето е легендарен, а тој успеа да ја доведе Хрватска со првото финале во историјата.

Подоцна, неговата слава од тој гол беше засенета со автоголот во финалето против Франција, меч кој Хрватска го изгуби со резултат од 4:2.

Извор: https://x.com/CroatiaFooty

Лука Модриќ беше избран за играч на првенството таа година, но наградата не можеше да го утеши по поразот од Франција. Подоцна, Златко Далиќ имаше дадено изјава за тој момент: “Разочарувањето најдобро можеше да се види кај Лука. Тој ја доби наградата за најдобар играч на турнирот, но не му значеше ништо тоа. Можеше да се прочита од неговото лице дека беше на раб на солзи. Лука би заменил 10 такви трофеи само за еден златен медал со Хрватска. И не само тој, секој од нас”.

Франција станаа шампиони на Светското првенство во 2018 кое се одржа во Русија, а нивната победа засекогаш ќе биде засенета од автоголот на Манџукиќ и спорната ВАР драма.

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено