11.8 C
Skopje

Легендата на Реал го напушта клубот по 17 години

Објавено:

- Advertisement -
- Advertisement -

Реал Мадрид денес објавија официјално соопштение во кое се вели дека утре ќе биде одржан настан за збогување со легендата на клубот – Лукас Васкез.

Тој е еден од најдолговечните играчи на кралскиот клуб, каде помина дури 17 години од својата успешна кариера.

Васкез пристигна во Реал Мадрид на само 16 години, во 2007 година, а оттогаш играше во сите категории, од младинската академија У17, до Кастиља.

После една година помината во Еспањол како позајмен играч, тој го направи своето деби во бело-златниот дрес на првиот тим на Реал Мадрид во септември 2015 година.

Извор: https://x.com/theMadridZone

Од неговиот прв настап досега, другото е историја. Васкез за клубот одигра 402 натпревари во преку 10 сезони, во едни од најуспешните години на Реал Мадрид. За ова време, тој освои дури 23 трофеи: 5 Европски купови, 5 Светски клупски првенства, 4 Европски Супер Купови, 4 Лиги, 1 Копа дел Реј и 4 Шпански Супер купови.

“Лукас Васкез преставува пример за вредностите на Реал Мадрид, кои го направија еден од омилените играчи на нашите навивачи. Неговото дело симболизира напорна работа, упорност, скромност и победнички дух, вредности кои се клучни ако сакате успех во овој дрес. Тој е играч кој ја придоби почитта и склоноста на мадристите. Реал Мадрид засекогаш ќе биде негов дом”, изјави претседателот на клубот, Флорентино Перез.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено