4.8 C
Skopje

Ламин Јамал и официјално со легендарната “десетка” на Барса

Објавено:

- Advertisement -
- Advertisement -

Младиот талент на Барселона, Ламин Јамал, на денот на својот осумнаесетти роденден и официјално ја доби долго најавуваната 10-ка.

Претходно младиот фудбалер го наговестуваше добивањето на овој број на својот дрес, со објавување на фотографии од легендарни играчи на каталонскиот клуб кои ја носеле низ историјата, а од денес официјално и тој се најде меѓу нив.

Меѓу легендите на дресот со број 10 во Барса се Меси, Роналдињо, Ривалдо, Рикелме, Гвардиола, Ромарио и можеби најголемиот од сите, Диего Марадона.

Извор: https://x.com/FCBarcelona

Јамал на примопредавањето на бројот пристигна со своето семејство, што само покажува колку му значи оваа голема чест. “Уште откако бев многу мал, ова беше мојот сон. Многу сум среќен. Моето семејство е многу среќно. Ќе продолжам да победувам, да уживам и да учам, затоа што сè уште сум многу млад”, изјави Ламин.

“Тука сум уште откако имав 7 години, ова е мојот дом. Мислам дека е сон на сите момци во Ла Масија да стигнат до првиот тим, а јас сум сега тука и ќе продолжам да работам напорно”, додаде младиот фудбалер.

Останува само да се докаже на теренот како и неговите претходници ако сака да биде запишан во историјата на легендите со 10-ката на Барса…

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено