2.8 C
Skopje

Двојна круна за Роналдо во Саудиска Арабија!

Објавено:

- Advertisement -
- Advertisement -

Португалската суперѕвезда, Кристијано Роналдо, продолжува да ги собира индивидуалните признанија и во Саудиска Арабија. 40-годишниот напаѓач освои две престижни награди за изминатата сезона 2024/2025 во саудиската Про лига – наградата за најдобар играч и наградата за најдобар гол на сезоната.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Roshn Saudi League (@spl_en)

Двете награди се резултат на гласањето на навивачите, што е доказ за огромната популарност што Роналдо ја ужива на Блискиот Исток.

Доминација во бројки

Роналдо имаше импресивна сезона во дресот на Ал-Наср. Тој беше најдобар стрелец во лигата со 25 постигнати гола на 30 натпревари, а беше прогласен и за играч на натпреварот дури 15 пати.

Наградата за најубав гол му беше доделена за спектакуларниот погодок од прва од работ на шеснаесетникот, постигнат на натпреварот против Ал-Ријад.

Овие награди се само уште една потврда за неговиот статус во клубот, каде што неодамна го продолжи договорот под неверојатни услови. Како што претходно пишувавме, Роналдо со новиот договор добива и сопственост во клубот, како и неделна плата од 550 илјади евра.

Иако има и такви кои сметаат дека не ги заслужил наградите, бројките и гласовите на навивачите говорат поинаку. На 40-годишна возраст, Кристијано Роналдо сè уште е еден од најдобрите во светот.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено