12.8 C
Skopje

Еден Азар се сретна со момчето за топки кое го удри пред 11 години

Објавено:

Поранешниот играч на Челси и Реал Мадрид, Еден Азар, после 11 години се сретна со момчето за топки кое неславно го удри за време на полуфиналето во Купот на лигата во 2013 година, во натпреварот против Свансеа Сити.

Инцидентот, кој доведе до црвен картон за Азар на натпреварот, стана вирален момент и влијаеше доста на животот на момчето Чарли Морган.

Сега, после 11 години, Азар е пензиониран фудбалер, а Морган е претприемач вреден милиони, откако изгради бизнис вреден 40 милиони фунти, во одредена рака благодарение на славата со која се здоби по инцидентот со Азар.

Двајцата сега си пружаа рака и покажаа взаемна почит, а Морган изјави дека бил горд на неговата улога како собирач на топки.

Оваа приказна покажува како спортските моменти знаат да преминат надвор од терените и да влијаат на личните и професионалните животи. Животот на Морган е само уште еден доказ како малите неочекувани настани во животот, може да доведат до големи можности.

Погледнете го видеото од средбата!

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено