6.8 C
Skopje

На половина од сезоната, каква е досегашната борба во Мекларен?

Објавено:

- Advertisement -
- Advertisement -

Веќе сме на половина од сезоната на Формула 1, а како што изминуваат трките, така станува повеќе од очигледно дека борбата за шампионската титула оваа година ќе се води меѓу двајцата возачи на Мекларен.

Во моментов на табелата за шампионатот на возачи води Австралијанецот Оскар Пијастри со 234 бодови, додека веднаш зад него е неговиот тимски возач, Британецот Ландо Норис со 226 поени.

Оваа разлика од само 8 поени пред стартот на втората половина дополнително ни најавува жестока борба меѓу двајцата млади шофери во супериорни болиди. За двајцата ова е трка по првата шампионска титула во кариерата, па ниту едниот, ниту другиот нема намера лесно да се откаже од истата, што ни најавува дека фокусот ќе биде во “папаја тимот” до крајот на сезоната.

Последната внатрешна борба која се водеше во Мекларен беше во 2007 година, помеѓу Луис Хамилтон и Фернандо Алонсо, двајца возачи кои и денес ги гледаме на патеките во Формула 1.

Погледнете како течеше борбата во првите 13 трки од оваа сезона меѓу двајцата Мекларен возачи…

Извор: https://x.com/F1/

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено