Кога во 2008 година во Пекинг се отворија Летните олимписки игри, Кина не сакаше да покаже само дека имаат добра организација. Тие сакаа да му покажат на светот дека се подготвени за нова ера. Врвна технологија, модерни стадиони и поглед кон иднината.
Сега, Кина се спомнува како еден од потенцијалните домаќини на Светското првенство во фудбал во 2038 година. А, оваа идеја е можеби пореална од што мислат многумина.
Кина веќе има 15 врвни стадиони кои се во функција и се подготвени да примат голема публика. Од достигнувања во врвна технологија, до квалитет кој парира на најпознатите европски стадиони.
Некои од стадионите како “Птичјото гнездо” во Пекинг ни се познати од Олимпијадата, но тука се и врвните технолошки стадиони во Шенжен и Хангжоу. Овие стадиони имаат инфраструктура на брзи возови кои ги поврзуваат со големите градови, а градовите имаат капацитети за масовен туризам, паметни системи за глобалната публика и економска моќ која од година во година станува сè подоминантна.
Погледнете дел од стадионите кои се врвни архитектонски и технолошки дела.



