6.8 C
Skopje

Конечно: Манчестер Јунајтед постигна договор за Брајан Мбеумо!

Објавено:

- Advertisement -
- Advertisement -

Манчестер Јунајтед конечно постигна договор со Брентфорд за ангажман на камерунскиот напаѓач Брајан Мбеумо, во трансфер вреден до 83 милиони евра.

Според информациите на “The Athletic”, договорот вклучува почетна сума од 76 милиони евра, која ќе се исплаќа во четири рати, како и дополнителни 7 милиони евра во форма на бонуси. Со ова Мбеумо ќе стане третото засилување на Јунајтед ова лето, по Матеш Куња и младиот дефанзивец Диего Леон од Парагвај.

Иако за него интерес покажаа и Тотенхем, Арсенал и Њукасл, 25 годишниот Мбеумо уште одамна ја изразил својата желба – ако замине од Брентфорд, тоа да биде само за Манчестер Јунајтед. Брентфорд првично одбил неколку понуди, вклучувајќи и 52 милиони + 11 милиони евра во бонуси, но “црвените ѓаволи” на крајот успеаја да ја задоволат нивната финансиска рамка, која била поставена повисоко од трансферот на Куња (72 милиони евра).

Мбеумо изминатата сезона блескаше во Премиер лигата, настапувајќи на сите 38 натпревари, притоа постигнувајќи 20 голови и запишувајќи 8 асистенции, со што беше клучен за десеттото место на Брентфорд.

Тој е продукт на академијата на францускиот Троа, а во Брентфорд пристигна во 2019 година. Оттогаш има 242 настапи, 70 голови и 51 асистенција за англискиот клуб, и беше еден од најзаслужните за историскиот пласман на Брентфорд во Премиер лигата во 2021 година.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено