Денес Фудбалската федерација на Македонија го пушти во употреба новиот фудбалски терен со вештачка трева во општина Илинден.
Од општината велат дека амбициите се покрај редовното вложување во младинските клубови, во иднина се оформи и сениорски фудбалски клуб од Илинден, кој што би се натпреварувал во македонските лиги.

Наскоро се планира на теренот да биде изградена и трибина со капацитет од 1.100 седишта, од која навивачите ќе можат да ги следат фудбалските подвизи на своите сограѓани.
“Фудбалската репрезентација ќе продолжи со вакви проекти, кадешто на младите, на луѓето коишто сакаат да гледаат фудбал, ќе им бидат овозможени услови”, изјави претседателот на ФФМ, Масар Омераѓиќ.
Погледнете го видеото од новиот фудбалски терен во Илинден.



