Англискиот гигант Манчестер Сити денес ги објави фотографиите од дизајнот на своите нови гостински дресови.
Во целосно црна боја, дресот влече инспирација од 1884 година, според дресот на фудбалскиот клуб Сент Маркс Вест Гордон, рефлектирајќи ја историјата на корените на клубот.
Инаку, препознатливите небесно сини дресови се дел од ребрендирањето на клубот во 1894 година, а новиот гостински дрес е дело на Пума.
Најверојатно овој дрес ќе го видиме прв пат кога Манчестер Сити ќе гостува кај Палермо на 9-ти август, иако сега за сега тоа не е официјално потврдено од клубот.







