14.8 C
Skopje

Арсенал случајно се издаде за новиот трансфер!

Објавено:

Денес Арсенал го најави големиот трансфер и доаѓањето на Нони Мадуеке во тимот, потврдувајќи ги гласините кои кружеа изминатиот период за неговото заминување од Челси.

Но, додека ги подготвувале материјалите кои требало да ги објават за доаѓањето на Мадуеке, случајно некој од тимот го помешал играчот Москера со него, па меѓу другите фотографии од Нони Мадуеке се појави и неговата промо фотографија.

Според ова, Кристијан Москера веќе се приклучил на Арсенал од редовите на Валенсија, а трансферот се зборува дека чинел 18 милиони фунти. Истиот трансфер веќе го најави и “SkySports”, но информациите досега беа на ниво на гласини.

Фотографијата набрзо беше избришана од колекцијата за најава на Мадуеке, но очигледно е дека на неа се снима новиот промо материјал на Москера, па очекуваме наскоро и неговиот трансфер да биде официјално потврден од клубот.

Извор: https://x.com/HarveyDiamonds

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено