Уште од зачленувањето во Академијата на девет години, Шон Лонгстаф беше синоним за момче кое пораснало во својот локален клуб, низ подемите и падовите на клубот, па сè до Лигата на шампиони.
Вчера Њукасл Јунајтед и официјално се збогуваа од својот долгогодишен играч после 214 натпревари во сениорскиот тим, кој потпиша за новиот клуб Лидс Јунајтед.
Thank you for everything, @NUFC pic.twitter.com/No8qFSMB08
— Sean Longstaff (@seanlongstaff97) July 18, 2025
За локалецот и клубот од северот на Англија ова беше емотивно збогување, но фудбалерот вели дека почувствувал дека е време својата кариера да ја продолжи во Лидс, клуб кој покажал вистински интерес за него.
Од Њукасл вчера објавија емотивно видео за долгиот пат на Лонгстаф во клубот, а и самиот играч се прости со клубот со видео во кое се гледа како од дете сонувал да игра за Њукасл.
Sean Longstaff. Local Boy pic.twitter.com/fs3jBqmvzL
— Newcastle United (@NUFC) July 18, 2025
“Тој даде и направи толку многу за клубот. Да го изгубиме Лонгстаф е тешко за нас, затоа што знаеме дека во неговата крв тече желбата да го направи она што е најдобро за клубот”, се вели во видеото.
Неговиот нов фудбалски клуб Лидс Јунајтед го најави неговото доаѓање во клубот, а во нивното видео Шон вели “почувствував дека тие навистина сакаа да дојдам тука, затоа се решив на ваков чекор”.

HOWZAT?!?! pic.twitter.com/a2cZFjXP1N
— Leeds United (@LUFC) July 18, 2025



