Се одбројуваат последните часови од почетокот на младинскиот Олимписки фестивал (EYOF) кој ќе се одржи за прв пат во нашиот главен град, Скопје.
Македонија ќе пречека над 4.200 млади спортисти од цела Европа, а отворањето е закажано за утре, 20 јули во 20:30 часот.

Честа да го носат македонското знаме на отворањето им припадна на младата одбојкарка Матеа Поповска и кајакарот на диви води Кристијан Смилев. Тие ќе настапат на чело на нашата делегација веејќи го гордо, храбро и достоинствено македонското сонце.
Сите оние кои сакаат да го проследат отворањето, истото ќе можат да го направат на Македонската радио телевизија со почеток во 20:30.



