6.8 C
Skopje

Бањаја со прва пол-позиција во Брно, Маркез падна во последниот круг

Објавено:

- Advertisement -
- Advertisement -

Возбудлива квалификациска драма во Чешка: Италијанецот Франческо “Пеко” Бањаја ја освои пол-позицијата на патеката во Брно, оставувајќи го шампионскиот лидер Марк Маркез зад себе, откако Шпанецот падна во клучниот момент од сесијата.

Италијанецот на Дукати, кој мораше да мине низ првата квалификациска рунда по бавниот старт на викендот, успеа да се стабилизира и да ја обезбеди првата пол-позиција за оваа сезона. Во стил на вистински шампион, Бањаја најде брзина и ритам токму кога беше најпотребно.

“Тие 15 минути повеќе во квалификациите беа пресудни. Разбрав како да ја нападнам патеката, направивме само една мала промена на моторот и тоа беше клучно”, изјави двојниот светски шампион од 2022 и 2023 година.

Извор: https://x.com/MotoGP

На втората позиција ќе стартува Марк Маркез, кој изгледаше доминантно сè до последниот круг, кога изгуби контрола на 13-та кривина. Сплит времињата покажуваа дека ќе ја собори Бањаја, но падот го остави зад него.

“Кога падна Зарко пред мене, видов чад и на секунда ми се сврте вниманието. Излегов пошироко и веднаш изгубив предниот крај. Штета, но и второто место е добра позиција”, рече Маркез.

Французинот Фабио Квартараро на Јамаха ќе стартува од третата позиција, а веднаш зад него, на четвртиот ред, ќе биде актуелниот светски шампион Хорхе Мартин, кој се враќа по серија повреди.

Мартин го пропушти стартот на сезоната по две сериозни претсезонски несреќи, а потоа уште седум трки по падот во Катар.

Во генералниот пласман по 11 од 22 трки, Маркез води со 344 поени. Зад него е неговиот помал брат Алекс со 261, а Багнаја е трет со 197 поени.

Бањаја го сруши досегашниот рекорд на патеката од 2016 година, поставен токму од Маркез и тоа за цели две секунди. Неговиот круг од 1:52.303 минути го постави новиот рекорд на новоасфалтираната патека во Брно.

По пет години пауза поради финансиски потешкотии, чешката патека повторно е домаќин на МотоГП, со побрз, порамен и потехнички совршен асфалт. А во такви услови, Маркез ќе бара своја шанса да стигне до седмата титула во кариерата и конечно да се израмни со Валентино Роси.

Следува викенд кој ветува уште многу возбудувања.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено