9.8 C
Skopje

ОФИЦИЈАЛНО: Нено Димитријевиќ е нов играч на Зенит

Објавено:

Вчера почнаа да кружат гласините дека македонскиот кошаркарски ас, Ненад Димитријевиќ се сели во нов клуб, а веќе денес од Зенит беше и официјално потврдена таа информација.

Зенит и Нено потпишале договор за две сезони, а наводно тимот од Санкт Петерсбург платил 1,5 милиони евра од сезона за трансферот.

Нено во рускиот клуб доаѓа од клубот во Милано, со кој играше во италијанската Серија А. Според вчерашните гласини, Милано на Димитријевиќ му исплатил 500,000 евра оштета за предвремено раскинување на договорот, но ваквите информации засега не се потврдени официјално во јавноста.

Едно е сигурно, Ненад Димитријевиќ се сели во Русија, а ние му посакуваме голем успех во новиот клуб.

Извор: https://x.com/zenitbasket/

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено