Миовски го подигна трофејот на Каталонија со Џирона

 

Објавено:

Синоќа фудбалскиот клуб Џирона за прв пат го освои Купот на Каталонија, и тоа на 95 годишнината од нивното постоење. Клубот, кој од сезона во сезона се пробива во силната Ла Лига, е дом и на нашиот Бојан Миовски.

Иако не се знае уште колку време Миовски ќе остане во каталонскиот клуб, сепак тој беше тука за да одигра за освојувањето на првиот ваков трофеј во долгата историја на Џирона.

Извор: https://www.instagram.com/miovskibojan/

Во регуларниот дел немаше голови, па со нерешен резултат од 0:0 натпреварот отиде во пенал завршница, каде со свој погодок се запиша токму и нашиот Бојан за конечен резултат од 5:4.

Погледнете дел од атмосферата и славењето на Миовски со соиграчите од Џирона.

Извор: https://x.com/GironaFC/

 

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено