10.8 C
Skopje

Објавен календарот за идната сезона на МотоГП

Објавено:

МотоГп вчера го објави календарот на трки за идната сезона, која ќе започне со трката во Тајланд на крајот на февруари.

Календарот вклучува 21 трка низ четири континенти, со дебитантската трка во Унгарија како нова патека.

Иако фановите се надеваа дека трката во Индија ќе биде вратена од 2026 година на календарот, откако претходно се одржуваше таму од 2011 до 2013 година, сепак конфликтот околу даноците не беше разрешен, па трката не е вклучена ниту во наредната сезона.

Последната трка од сезоната ќе се вози во Шпанија, на патеката во Валенсија, на 22 ноември 2026 година.

Извор: https://www.motogp.com

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено