Во извонредна спринт трка денес на патеката Спа во Белгија, четирикратниот шампион Макс Верстапен покажа зошто е еден од најдобрите возачи на сите времиња.
Иако во многу послаб болид од оној на Мекларен, кој оваа сезона е без конкуренција кога станува збор за перформансите, Верстапен успеа да го преземе водството од Оскар Пијастри во првиот круг и да победи на трката во Спа.
Пијастри, кој е лидер на табелата на шампионатот за возачи, стартуваше од првата позиција, а веднаш зад него беше Холанѓанецот кој со маестрален потег начека простор и го претекна Австралијанецот.

Трет денес заврши другиот возач на Мекларен, Ландо Норис, кој во еден момент ја изгуби третата позиција од Шарл Леклер кој вози за Ферари, но сепак на крајот успеа да се врати за место меѓу најдобрите тројца.
Во 16 часот стартуваат квалификациите за утрешната трка, а Макс после победата изјави дека целиот фокус сега му е насочен токму на нив.
Погледнете го потегот и маестралното претекнување на Макс Верстапен.
Here comes Max Verstappen!
The moment the Red Bull driver took the lead #F1Sprint #BelgianGP pic.twitter.com/UrxSyhXrS4
— Formula 1 (@F1) July 26, 2025



