14.8 C
Skopje

Неочекуван отказ за тренерот на Јокиќ

Објавено:

- Advertisement -
- Advertisement -

Во потег кој никој во кошаркарскиот свет не го очекуваше, НБА клубот Денвер Нагетс го отпуштија тренерот Мајкл Малоун со само уште три натпревари останати во регуларната сезона.

Малоун го водеше тимот во последните 10 години, донесувајќи им ја и првата титула во 2023 година и беше тренер на Јокиќ низ неговата цела НБА кариера и трите МВП титули.

Покрај тренерот, клубот реши да не го продолжи договорот и со главниот менаџер на тимот, Келвин Бут.

Асистентот тренер Дејвид Аделман ќе го преземе кормилото на тимот, а првиот тест ќе биде средбата со Сакраменто Кингс. Денвер ги изгуби последните четири натпревари, а моментално се четврти во лигата.

Муабетите во лигата се дека во тимот владее голема фрустрација поради слабата одбрана годинава, а Нагетс се дури 20-ти на рејтинг листата за одбрана во НБА. Се зборува и дека Јокиќ е фрустриран од непосветеноста на тимот да постави добра одбрана, како и слабите резултати сезонава.

Оваа фрустрација почна да се забележува и на паркетот, а во последните две недели на Мелоун како тренер на Нагетс, тимот изгуби важни натпревари против Минесота и Голден Стејт.

Но, иако Денвер во моментов се четврти на табелата, само мал кикс ги дели од осмото место, што би значело дека тимот би паднал да игра во Плеј-Ин турнирот со послабите тимови.

Мелоун беше четвртиот по долготрајност на клупата на еден НБА тим, веднаш после Грег Поповиќ од Сан Антонио, Ерик Споелстра од Мајами Хит и Стив Кер од Голден Стејт Вориорс.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено