Манчестер Јунајтед ги сруши рекордите на посетеност во САД

 

Објавено:

Во рамките на претсезонската турнеја, вчера во САД беше одигран пријателскиот натпревар меѓу Манчестер Јунајтед и Вест Хем, во кој победија Манчестер со 2:1.

Но, иако ова беше пријателски натпревар, на Метлајф стадионот присуствуваа 82,566 луѓе, што го прави најпосетен фудбалски натпревар годинава во САД, со подобра посетеност дури и од финалето на Светското клупско првенство, каде присуствуваа 81,118 навивачи.

Извор: https://x.com/ManUtd

Овие бројки ја покажуваат популарноста на Манчестер Јунајтед, а овој клуб сè уште е еден од најпрепознатливите спортски брендови ширум светот. И покрај лошите резултати изминатите сезони, клубот од Премиер лигата има огромна фан база насекаде низ светот, а очигледно навивачите од САД не се исклучок од тоа.

На натпреварот во САД, Јунајтед го претставија и својот нов дрес во бела боја, а сигурни сме дека со оваа популарност тие ќе ги срушат рекордите и во продажба на истиот кој од вчера е достапен на веб продавницата на клубот.

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено