10.8 C
Skopje

На Илинден во кошаркарски поход, закажан натпреварот со Романија!

Објавено:

Кошаркарската федерација на Македонија денес ги објави термините од претквалификациските натпревари за Светското првенство 2027 година.

На големиот празник-Илинден, на 2. август, со почеток во 20:00 часот, во спортската сала во Куманово, машката сениорска репрезентација на Македонија за противник во првото коло од натпреварите во групата “Е” ја има селекцијата на Романија.

После успешните подготовки и двата контролни натпревари со Швајцарија, селекторот Марјан Илиевски е позитивен во ставот, но сепак претпазлив: “Задоволен сум од досега сработеното, но имаме уште многу за работа”.

Извор: https://kfsm.mk

“Тоа што ме радува е енергијата и хемијата кои функционираат беспрекорно во репрезентацијата”, вели тој.

Во врска со натпреварот кој нè очекува со Романија, селекторот вели дека од денес почнуваат подготовки за анализа на противникот.

“Нè краси транзиција и тоа што секој играч го дава максимумот. Имаме уште скоро една недела да работиме пред Романија, задоволен сум од досега сработеното, но имаме уште многу за работа. Романија сè уште не сме ја анализирале, зашто не знаеме кој е нивниот странски играч, иако веќе знаеме кој е носител на нивната игра, па тоа ќе го видиме во следните денови”, додаде селекторот Илиевски.

Извор: https://www.facebook.com/macedonianbasketball

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено