Ливерпул постигна целосен договор за ангажман на перспективниот млад напаѓач Вил Рајт од Салфорд Сити, објави “The Athletic”. Со овој потег, “црвените” го победија директниот ривал Арсенал, кој претходно веќе се договорил со Салфорд, но не успеал да ги задоволи личните услови на фудбалерот.
17-годишниот Рајт, кој важи за вистински голгетер во младинските категории и Б-тимот на Салфорд, веќе го имаше своето деби за првиот тим во натпревар против Манчестер Сити во јануари оваа година, а одигра и уште два натпревари во Лига 2 до крајот на сезоната.
Според информациите, трансферот ќе чини околу 200.000 фунти плус дополнителни бонуси, а важен фактор во неговата одлука била желбата да остане во северозападна Англија, нешто што Ливерпул го искористи во своја корист.

Вил Рајт досега не бил дел од класичен академски систем, што го прави неговиот развоен пат уште поинтересен. Сепак, сметаат дека токму сега е вистинскиот момент за трансфер во врвно фудбалско опкружување, а Ливерпул му го нуди тоа преку нивниот подмладок и развојна структура.
Планот на клубот е Рајт најпрво да се приклучи на тимот до 21 година, кој е под водство на Роб Пејџ, поранешниот селектор на Велс. Дали Вил Рајт ќе биде новото звучно име на англискиот фудбал, останува да покаже времето, но Ливерпул веќе ја направи првата голема проверка на неговиот потенцијал.



