3.8 C
Skopje

Димитров го пропушта УС Опен, нема да го стигне рекордот на Федерер

Објавено:

- Advertisement -
- Advertisement -

Бугарскиот тенисер Григор Димитров ја потврди веста која љубителите на тенисот ја претчувствуваа, а тоа е дека тој нема да настапи на претстојниот УС Опен. Повредата на градната мускулатура, што ја заработи за време на драматичниот дуел против светскиот рекет број 1, Јаник Синер на Вимблдон, сè уште не е целосно санирана.

Димитров пружи импресивна партија против фаворитот, освои два сета и беше во мртва трка во третиот, но болката го принуди да се повлече при резултат 2-2 во третиот сет. Иако првичните прогнози беа оптимистички, неговото тело сè уште не е подготвено за најголемиот предизвик.

Извор: Instagram – Grigor Dimitrov

Со ова, завршува една историска низа – 58 последователни настапи на Грен слем турнири од Австралија Опен 2011 наваму. Тоа беше најдолгата серија на активен играч во светскиот тенис и петта најдолга во Опен ерата, зад Фелисијано Лопез, Фернандо Вердаско, Андреас Сепи и легендарниот Роџер Федерер (65).

Григор ја заслужи оваа позиција со својата посветеност, физичка подготвеност и желба да биде дел од најголемата сцена во светот на тенисот, без разлика на околностите. Иако оваа импресивна етапа е завршена, 33-годишниот Бугарин нема намера да се откаже.

Според најавите, Димитров се надева дека ќе се врати на терените за азиската турнеја во септември и октомври. Минатата година беше четвртфиналист на УС Опен, каде го совлада Андреј Рубљов пред да се повлече од дуелот со Франсис Тиафо.

Во последните пет Грен слема, тој не успеа да заврши ниту еден турнир, што е горчлива статистика за играч со негово реноме. Но, Димитров останува фокусиран, посветен на закрепнувањето и подготвен повторно да блесне.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено