6.8 C
Skopje

Шкендија подготвена за ФЦСБ, оди на сè или ништо!

Објавено:

- Advertisement -
- Advertisement -

Фудбалерите на Шкендија вечерва го одработија последниот тренинг на импресивната “Национална Арена” во Букурешт, во пресрет на утрешниот историски реванш-натпревар против романскиот гигант ФЦСБ. Тетовскиот тим пристигна со предност од 1:0 од првиот меч, но тренерот Јетон Беќири и голманот Бабукар Гаје се согласни – битката допрва претстои.

На официјалната прес-конференција, двајцата зрачеа со оптимизам, но и со голема доза на почит кон противникот.

“Резултатот од 1:0 не ти дава гаранција ако играш само одбрана. Ќе се обидеме да ја играме нашата игра и да постигнеме гол”, изјави тренерот Беќири, додавајќи дека не се занимава со изјавите на сопственикот на ФЦСБ, туку дека сè ќе се реши на теренот.

Голманот Гаје, пак, ја истакна самодовербата во тимот. “Ќе биде тежок натпревар, но ние веруваме во себе. Мора да функционираме како тим и да го дадеме најдоброто од себе за да го добиеме посакуваниот резултат”, изјави тој.

Доколку Шкендија успее да го елиминира ФЦСБ, не само што ќе се пласира во третото квалификациско коло од Лигата на шампионите, туку и ќе обезбеди сигурно учество во групната фаза од Конференциската лига, што би било огромен успех.

Во продолжение, погледнете дел од атмосферата од официјалниот тренинг и изјавите од прес-конференцијата:

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено