Рекордна продажба: Ѓокереш го “сруши” сајтот на Арсенал

 

Објавено:

Новиот напаѓач на Арсенал, Виктор Ѓокереш, уште пред да го одигра првиот натпревар за клубот, веќе руши рекорди. Швеѓанецот пристигна од Спортинг за 63.5 милиони евра, а неговиот дрес со број 14 стана најпродаван во историјата на “топџиите”!

Интересот за Ѓокереш е огромен, особено откако клубот објави промоција: бесплатно печатење на неговото име на сите нови дресови, понуда што обично чини 16 фунти. Реакцијата на фановите? Веб страницата на Арсенал падна од преголема посетеност.

Бројот 14 не е случаен избор, тоа е легендарниот број на Тиери Анри, најдобриот стрелец во историјата на Арсенал. Иако Ѓокереш преферира “деветка”, таа веќе му припаѓа на Габриел Жесус.

Арсенал веќе подолго време бараше класичен голгетер, а со доаѓањето на Ѓокереш, надежите на навивачите добија нова искра. Само во првите денови по трансферот, продажбата на неговиот дрес ги надмина оние на Сака, Рајс и Одегард.

Тренерот Микел Артета потврди дека целиот клуб е “многу возбуден” за новото засилување. Навивачите го пречекаа со овации во Сингапур, а следната станица му е Хонгконг, каде Арсенал на 31 јули ќе се соочи со Тотенхем.

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено