Според пишувањата на италијанскиот новинар Роберто Чинчеро, Ред Бул целосно го смениле сетапот на болидот кој го возеше Макс Верстапен во периодот помеѓу петокот и саботата.
Имено, откако на тренинзите се покажало дека болидот не ги дава очекуваните перформанси, на сцена настапил сим возачот Руди Ван Бурен, кој е шампион во сим возење и близок пријател на Макс. Ред Бул скоро целосно ги смениле сетинзите, а Бурен го сетирал болидот на шампионот пред квалификациите на кој тој го извозе легендарниот круг за пол позиција и рушење на рекордот за најбрзо време на патеката во Сузука.
Aftermath of the duel in the desert. 2 laps after the safety car restart.
byu/jithu7 informula1
Интересно е тоа што Руди Ван Бурен никогаш во реалноста нема возено Ред Бул болид, но Верстапен кој е познат по својата љубов кон сим тркањето имал доверба во својот пријател.
Веќе имаме пишувано и за плановите на Макс да создаде Формула 1 возачи од сим тркачите, а ваквите примери дополнително даваат надеж за реалноста на неговата идеја во иднина.
