14.8 C
Skopje

НБА идната година ќе игра натпревари во Лондон и Берлин!

Објавено:

Најсилната кошаркарска лига во светот, популарната НБА, денес објави дека почнувајќи од 2026 година, ќе игра дел од своите регуларни натпревари на европско тло.

Во план е да се одиграат шест натпревари во текот на наредните три години, почнувајќи со Лондон и Берлин во 2026 година, по што ќе следуваат Манчестер и Париз во 2027 година, а ќе завршат повторно со Берлин и Париз во 2028 година.

Ова ќе биде прв пат во историјата на Лигата да организира натпревари од регуларниот дел на сезоната во градовите како Берлин и Манчестер, откако претходно имаше успешни настапи во Лондон и Париз.

Извор: https://x.com/NBA

Сега за сега, познати се само натпреварите од идната сезона, кои ќе се играат во Берлин и Лондон.

Најпрво Орландо Меџик и Мемфис Гризлис ќе се сретнат во Убер арената во Берлин на 15 јануари, а само три дена подоцна, на 18 јануари двата тима ќе одиграат натпревар и во Лондон.

Трендот на играње на НБА натпревари од регуларниот дел од сезоната во Европа започна во 2011 година, а првиот натпревар на нашиот континент се одигра во Лондон, каде се сретнаа Њу Џерси Нетс и Торонто Репторс.

Лондон оттогаш беше домаќин на 9 натпревари, во периодот од 2011 до 2019 година, а во 2020 година како домаќин се приклучи и Париз. Ова е обид на НБА да ја прошири својата интернационална фан база и да ја зголеми популарноста на Лигата во Европа.

Извор: https://x.com/TheCoopLive

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено