Ферари со повеќегодишен договор за Васер

 

Објавено:

Од почетокот на сезоната почнаа да кружат многу гласини за несогласувањата во Маранело, а меѓу другото често беше спомнувана и можноста францускиот менаџер на тимот, Фред Васер, да си замине на крајот на сезоната после завршувањето на договорот.

Сега од Ферари потврдија дека потпишале нов повеќегодишен договор со Васер, истакнувајќи дека сакаат стабилност пред новите регулации кои треба да стапат на сила од идната сезона.

Фред се приклучи на италијанскиот Формула 1 тим во 2023 година, а сега не е објавено на кое времетраење е потпишан новиот договор, но со сигурност тој ќе го води тимот во неизвесната 2026 сезона.

“Обновувањето на договорот со Фред ја истакнува нашата одлучност да градиме и понатаму на основата која досега ја поставувавме. Неговата способност да биде лидер под притисок, да ја прифати иновацијата и да биде во постојана потрага по перформанси се вклопува целосно во вредностите и долгорочните амбиции на Ферари”, се вели во соопштението.

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено