Ракометарите на РК Алкалоид вчера заминаа во Маврово, каде во претстојните денови ќе ја подготвуваат својата форма за претстојната сезона.
“Играчите одлично работеле и за време на паузата, па дојдоа подготвени и мотивирани, а истото важи и за новите засилувања. Работиме посветено, секој ден носи напредок и генерално сум многу задоволен”, истакна кондицискиот тренер Петар Баснарков.

Во Маврово тренерот Кире Лазаров ги има на располагање сите ракометари, а како што претходно истакна, планот е од сезона во сезона да се прават чекори кон подобрување на тимот.
После завршувањето на подготовките во Маврово, ракометарите на РК Алкалоид ќе заминат во Србија и Хрватска, каде ќе следат пријателски средби со ривалите од Балканот, со цел темпирање на формата за наредната сезона.




