Летото е бурно, но Ливерпул делува како клуб со јасна стратегија. Во интервју во Јокохама, по завршувањето на азиската турнеја, новиот менаџер Арне Слот испрати кристално јасна порака: ако се појави вистинска можност на трансфер пазарот, Ливерпул нема да чека.
Ова лето, актуелниот шампион на Премиер лигата веќе ја одбележа својата активност со продажбата на Луис Дијаз во Баерн Минхен и клупскиот рекорд при доведувањето на Флориан Вирц. Сепак, вниманието останува насочено кон следниот чекор.
Дијаз си замина, но тоа е дел од планот
“Луис беше дел од тимот што ја донесе титулата. Секако дека е тешко да се разделите со таков играч”, рече Слот. “Но, го продадовме за одлична сума и тоа е дел од стратегијата на клубот понекогаш мора да продадеш за да продолжиш напред”.
Колумбиецот, кој минатата сезона постигна 17 голови, беше пред влегување во последните две години од договорот и не прифаќаше продолжување. Баерн ја зголеми понудата, Дијаз сакаше да замине и Ливерпул го искористи моментот.

Ќе има ли замена? Или одговорот веќе е тука
Иако губат стандарден првотимец, Слот не паничи: “Кога заминува играч од калибарот на Дијаз, мора да се донесе квалитет. Но, квалитетот не мора секогаш да биде во иста позиција”.
Флориан Вирц, новата ѕвезда на клубот, може да игра од левата страна, како и Коди Гакпо. Но големо внимание привлекува и тинејџерот Рио Нгумоха, кој блескаше во подготовките: “Рио покажува фантастичен напредок, тој е вистинско откритие за нас”.
Без двоумење на пазарот
“Ако има шанса на пазарот – Ливерпул никогаш не чека. Така функционира овој клуб”, рече Слот. Со ваков пристап и со стабилна визија, новата ера на Ливерпул почнува паметно, стратегиски и со верба во сопствениот систем.



