6.8 C
Skopje

Крај на сапуницата: Макс Верстапен – “Останувам во Ред Бул!”

Објавено:

- Advertisement -
- Advertisement -

Најголемата трансфер-сага во модерната Формула 1 заврши. Макс Верстапен и официјално потврди дека ќе остане во тимот на Ред Бул и во 2026 година, ставајќи крај на повеќемесечните шпекулации кои го поврзуваа со сензационален трансфер во ривалскиот Мерцедес.

Во пресрет на Големата награда на Унгарија, четирикратниот светски шампион даде јасен и недвосмислен одговор, со што ја смири тензијата и ги разочара сите оние кои се надеваа на “трансфер на векот”.

“Луѓето сакаат да создаваат драма”

Верстапен, кој е познат по својата директност, не ги штедеше зборовите за оние кои ги ширеа гласините.

“Проблемот е што луѓето постојано зборуваат глупости (waffling) во текот на целата сезона, додека единствениот што треба да зборува, не зборува. А тоа сум јас”, изјави Верстапен за Sky Sports. “Го правам тоа намерно, бидејќи нема смисла да се фрлаат работи наоколу. Некои луѓе сакаат да ја ‘зачинат чорбата’, некои сакаат да создаваат драма.”

Тој беше дециден дека неговата иднина никогаш не била доведена во прашање.

“За мене, работите отсекогаш беа јасни, и за следната година исто така. Веќе разговарам со тимот за плановите и за работите што сакаме да ги промениме за следната сезона. Тоа значи дека останувам во тимот и следната година”, заклучи Холанѓанецот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by FORMULA 1® (@f1)

Крај на сонот на Тото Волф

Оваа изјава е директен удар врз шефот на Мерцедес, Тото Волф, кој со месеци отворено флертуваше со идејата да го донесе Верстапен во својот тим. Тој јавно призна дека е во разговори со таборот на Верстапен, но сега ќе мора да бара други решенија за иднината на својот тим.

Иако договорот на Верстапен со Ред Бул трае до 2028 година, се шпекулираше дека постојат клаузули кои би му овозможиле порано да замине, особено по падот на перформансите на тимот оваа сезона. Сепак, барем засега, јасно е дека шампионот останува верен на тимот со кој освои четири последователни титули.

Со оваа објава, завршува една од најголемите “сапуници” во поновата историја на Формула 1, а тимовите сега можат да се фокусираат на она што е најважно – тркањето.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено