Вечерва се случи нешто што навистина ги изненади фудбалските фанови ширум светот, барем оние кои редовно ги следат новостите на трансфер-пазарот – играч беше претставен во клуб без претходно да дознаеме за тоа од новинарите како Фабрицио Романо, Дејвид Орстејн и другите.
Фудбалскиот клуб Порто, успеа во невозможното овие денови, а тоа е да го зачува во целосна тајност трансферот на Холанѓанецот Лук де Јонг во своите редови.

Играчот за прв пат беше претставен пред навивачите на Естадио до Драгао, нешто што предизвика носталгија во фудбалските кругови за начинот на кој порано ги дознававме новите фудбалери на клубовите.
Де Јонг се појави на теренот во дресот на Порто, пред почетокот на пријателскиот натпревар со Атлетико Мадрид, добивајќи силен аплауз и овации од преполниот стадион.
Уживајте во моментот кој нуди вистинска носталгија.
A surpresa da tarde 🤩 Welcome, Luuk De Jong 💙#SeguimosJuntos pic.twitter.com/MMGJOvBUAZ
— FC Porto (@FCPorto) August 3, 2025


