Арсенал го претставија и третиот дрес во соработка со спортскиот бренд Адидас, кој овој пат е во бела боја со темно црвени детали.
Дизајнот на дресот е во чест на 20 годишнината од последната сезона која клубот ја одигра на стадионот Хајбури, вклучувајќи арт деко архитектонски елементи од историската Источна трибина на стадионот.
Изграден во 1936 година, Хајбури беше еден од највпечатливите стадиони во Англија, а неговата уникатна градба е инспирација за естетиката на дресот, која вклучува шестоаголно лого и суптилни фигури на стелки.
Покрај тоа што дресот е осврнување на историјата и минатото, тој сепак има модерен дизајн и впечатлив изглед.




A tribute to elegance, art and style.
Our latest work of art, the new 2025/26 Third Kit, is finally here 🛍️
— Arsenal (@Arsenal) August 4, 2025



