Според спортскиот новинар и познавач на трансфер пазарот, Фабрицио Романо, Родри планира да остане во Манчестер Сити и во наредните сезони.
Откако почнаа да кружат гласините дека Реал Мадрид сака да го доведе во своите редови, изворите блиски до фудбалерот велат дека тој би преферирал нов договор од Сити, пред било каква понуда од кралскиот клуб. Според гласините, Реал Мадрид се подготвени да платат 100 милиони фунти за играчот, но тој е подготвен да ја одбие таа понуда за да остане во сегашниот клуб.

Денес, Романо пишува дека и англискиот гигант е подготвен да го задржи Родри во своите редови, со нов договор кој би траел до 2029 година.
Со новиот договор тој би можел да стане вториот најплатен играч после Халанд, а двете страни се пред склучување на новиот договор, па наскоро би можеле да добиеме и официјални информации.
Родри играше клучна улога во тимот за време на нивната победничка сезона во 2022-23, кога имаше дури 91.7% реализација на додавања (според статистиката на “Opta”) со што донесе дефанзивна стабилност.



