Фудбалскиот клуб Челси синоќа го претстави новиот играч, Бразилецот Естевао кој пристигна од редовите на Палмеирас. И додека на европските фанови овој фудбалер не им е толку познат, тој веќе има одлично реноме во бразилската Лига.
Како играч на Палмеирас, Естевао е лидер на табелата на бразилската Лига за постигнати голови и асистенции до свои 18 години. Со своите 22 голови и асистенции кои ги има постигнато пред полнолетството, тој се наоѓа на листата пред импресивни бразилски имиња, како Нејмар со 16 и Родриго со 11. Само за споредба Винициус Јуниор до своите 18 години, има постигнато 7 голови и асистенции.

Па, иако европските фанови се пошегуваа на социјалните мрежи за претставувањето на Естевао, тој е фудбалер кој може допрва да се докаже пред англиските навивачи.
Естевао исто така блесна и на светската сцена, кога неговиот бразилски клуб Палмеирас се спротистави на далеку поголемите европски клубови на Светското клупско првенство, кое го освои токму неговиот нов клуб Челси.
Welcome to the World Champions, Estevao! ✨🇧🇷 pic.twitter.com/XzS6yjKEo3
— Chelsea FC (@ChelseaFC) August 5, 2025



