Паднал договор: Дарвин Нуњез се сели во Ал Хилал

 

Објавено:

Според спортскиот познавач на трансфери, Фабрицио Романо, веќе е постигнат 100% договор меѓу Ливерпул и Ал Хилал за трансферот на Дарвин Нуњез.

Трансферот би требало да чини 53 милиони евра, плус дополнителни големи бонуси, што значително ќе ја зголемат цената за преминувањето на фудбалерот во Саудиска Арабија.

Извор: https://x.com/LFC/

Според Фабрицио, тимот на Нуњез и самиот играч веќе дале зелено светло за зделката, па се чека само на официјализирање на истата.

Инаку, Нуњез пристигна кај минатогодишниот шампион во Премиер лигата во 2022 година, во трансфер вреден 100 милиони евра од Бенфика. Меѓутоа, после скромниот учинок од седум голови во 47 натпревари минатата сезона, Ливерпул сега е подготвен да го продаде на арапите.

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено