Сони со емотивни видеа се прости од соиграчите и навивачите на Тотенхем

 

Објавено:

Јужнокорејскиот фудбалер Хеунг-мин Сон и официјално беше претставен вечерва како нов играч на фудбалскиот клуб од Лос Анџелес, со што тој се сели од Премиер лигата во МЛС лигата.

Но, легендарниот Сони не заборави претходно да се поздрави со своите соиграчи и со навивачите на кои им беше еден од милениците, не само поради својата игра, туку и поради неговата човечност и искрен пристап.

Непосредно пред да биде претставен во Лос Анџелес, Тотенхем на социјалните мрежи ги објавија двете видеа. Бидејќи Сон беше огромен дел од историјата на Тотенхем, оваа статија ја посветуваме токму на неговото збогување со клубот, па решивме дека најавата за најавата во новиот клуб ќе ја направиме во посебна статија.

“Драги навивачи на Спарс, вие секогаш сте во моите фотографии. Секој пат кога прославувам, правам ново сеќавање со вас. Тоа е нашиот момент. Ја правам рамката за никогаш да не заборавам”, вели Сон за неговата славна прослава на головите, во видеото посветено на навивачите.

Видеото на Сон до навивачите.

“Сега сите ќе плачеме, но се надевам дека следниот пат кога ќе се видиме, сите ќе бидеме насмеани. Ве сакам повеќе од сè”, се вели во видео обраќањето до неговите соиграчи.

Видеото на Сон до соиграчите.

Сите 173 голови на Сони за Тотенхем.

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено