Реал Мадрид во преговори за нов договор со нивното “чудо од дете”

 

Објавено:

Иако на почетокот на летото се зборуваше дека Реал Мадрид најверојатно би го понудиле на продажба младиот талент Гонзало Гарсија, според пишувањата на спортските познавачи сега тие се подготвени да му понудат нов договор.

Гарсија, е излезен од Академијата на Реал за млади играчи, а откако Мбапе се повреди и не можеше да настапува на натпреварите од Светското клупско првенство, тој ја искористи максимално својата шанса за да блесне на фудбалската сцена.

Тој го заврши првенството како најдобар стрелец, со што со право го заслужи своето место меѓу првиот тим на Реал.

Според Фабрицио Романо, напаѓачот е желен да остане во Мадрид, па наскоро ќе следува нов договор, а се очекува тој да го земе дресот со легендарниот број “9”.

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено