Турнирот на “Шестте кралеви” (Six Kings Slam) е ревијален тениски турнир во Саудиска Арабија, кој е закажан од 15 до 19 октомври оваа година. Овој турнир е желба на Шеикот, а наградите се навистина примамливи, па најдобрите тенисери си делат премија од 6 милиони долари, што е два пати повеќе од наградата на победникот на било кој Гренд слем турнир.
Минатата година на турнирот настапија и Рафаел Надал и Данил Медведев, а оваа година се поканети Јаник Синер, Карлос Алкараз, Александер Зверев, Тејлор Фритц, Џек Дрејпер и Новак Ѓоковиќ.
Иако најдобрите најчесто се бираат според нивниот ранг на АТП листата, оваа година предизвика дебата поканата за Џек Дрејпер кој моментално е на 13-та позиција, но најверојатно повикот го добил благодарение на полуфиналето на Вимблдон оваа година.
Погледнете го и постерот, кој оваа година очигледно е направен со вештачка интелигенција, а на нив се прикажани тенисерите со круни на главите.



