Денес беа објавени и номинираните за најдобар голман на годината, односно за “Јашин” трофејот, кој е именуван по славниот голман Лев Јашин, кој во 1963 година стана единствениот голман освојувач на престижната награда Златна топка.
Според селекцијата и гласовите на фудбалските новинари, ова се номинираните за наградата најдобар голман:
Алисон Бекер – Ливерпул (Премиер лига)
Јасин Боно – Ал Хилал (Саудиска Про лига)
Лукас Шевалје – Лил (Лига 1)
Тибо Куртоа – Реал Мадрид (Ла Лига)
Џанлуиџи Донарума – ПСЖ (Лига 1)
Емилијано Мартинез – Астон Вила (Премиер лига)
Јан Облак – Атлетико Мадрид (Ла Лига)
Давид Раја – Арсенал (Премиер лига)
Матц Селс – Норингем Форест (Премиер лига)
Јан Сомер – Интер Милан (Серија А)
Интересно е да се забележи дека оваа година изостанаа номинациите за Марк Андре тер Стеген и Роберт Санчез, што веднаш предизвика дебата помеѓу фудбалските фанови.





