6.8 C
Skopje

(Видео) “Point Break” во Барнли: Генијална објава за Мартин Дубравка!

Објавено:

- Advertisement -
- Advertisement -

Клубот со убедливо најкреативниот маркетинг-тим во Англија, Барнли, повторно удри. Повратникот во Премиер лигата го официјализираше своето ново засилување, искусниот голман Мартин Дубравка, со уште едно урнебесно видео инспирирано од холивудските класици.

Овојпат, тие го претставија 36-годишниот Словак со сцена од култниот акционен филм “Point Break” (1991) со Кијану Ривс, каде што бандата на ограбувачи носи маски од поранешни американски претседатели. “Поранешните претседатели… сега се дел од ‘Turf Moor'”, гласи пораката.

Кој е Мартин Дубравка?

Зад хумористичната објава, се крие еден навистина сериозен и важен трансфер за Барнли. Тие добиваат искусен и докажан премиерлигашки голман, кој доаѓа да го пополни празниот простор по заминувањето на Џејмс Трафорд во Манчестер Сити.

Дубравка пристигнува од Њукасл, каде што помина седум и пол незаборавни години и стана вистинска легенда на клубот. За “страчките” настапи на 179 натпревари, а навивачите особено ќе го паметат по неговото херојско деби во 2018 година, кога со серија одбрани му донесе победа на тимот токму против Манчестер Јунајтед. Многумина го сметаат за најдобриот голман на Њукасл по легендарниот Шеј Гивен.

Тој е и стандарден репрезентативец на Словачка, со над 50 настапи за националниот тим.

Зборовите на новиот “чувар на мрежата”

Самиот Дубравка, кој потпиша едногодишен договор, не го криеше задоволството од новиот предизвик.

“Воодушевен сум што сум тука. Ова е навистина возбудливо време да се приклучам на овој клуб, во пресрет на враќањето во Премиер лигата. Слушнав само позитивни работи за клубот и културата, и едвај чекам да започнам”, изјави Дубравка.

Со ова искусно засилување, Барнли јасно покажува дека има сериозни намери да се задржи во елитата.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено