Американецот Шелтон го помина Ѓоковиќ на АТП листата

 

Објавено:

Со својата прва победа на АТП Мастерс 1000 турнир, Американецот Бен Шелтон го достигна своето најдобро рангирање на листата на најдобри тенисери и се искачи на шесттото место, каде претходно се наоѓаше српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ.

Шелтон на турнирот во Канада успеа да го совлада Карен Качанов со победа во три сета, што претставува негов личен најдобар резултат, откако претходно доаѓаше до четврт-финалињата на Мастерс турнирите.

Извор: https://x.com/TheTennisLetter

22 годишниот тенисер стана шестиот Американец во историјата кој успеал да победи на Мастерс 1000 турнир пред да наполни 23 години, следејќи ги стапките на Андре Агаси, Мајкл Ченг, Џим Куријер, Пит Сампрас и Енди Родик.

“Чувството е неверојатно. Ова беше долга недела, а патот до финалето не беше лесен. Но, мојата најдобра игра дојде кога беше најпотребно”, изјави Американецот по победата.

Со оваа победа тој го турна Новак Ѓоковиќ за едно место на АТП листата, па сега Србинот се наоѓа на седмата позиција. Се очекува Ноле следно да се појави на УС Опен турнирот, каде што ќе се обиде повторно да се искачи на листата.

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено