14.8 C
Skopje

Шок за Алборг: Никлас Ландин итно на операција пред стартот на сезоната!

Објавено:

- Advertisement -
- Advertisement -

Големи проблеми за данскиот ракометен гигант Алборг пред самиот почеток на новата сезона. Клубот се соочи со неочекуван удар откако беше потврдено дека првиот голман и легенда на светскиот ракомет, Никлас Ландин, ќе мора да оди на итна операција на коленото. Според клубот, Ландин ќе биде надвор од теренот најмалку шест до осум недели.

Повредата доаѓа во најлошиот можен момент. Ландин почувствувал болка во коленото на почетокот на неделата, а деталните прегледи покажале дека хируршката интервенција е неопходна. Ова ги принуди челниците на клубот веднаш да реагираат, доведувајќи го на позајмица исландскиот голман Аугуст Бјоргвинсон од Рибе-Есбјерг како привремена замена.

И покрај ситуацијата, самиот Ландин е оптимист. “Секако дека е фрустрирачки, особено кога имав добар почеток на подготовките. Сепак, уверен сум дека ќе се вратам веќе наесен”, изјави Ландин.

Разочарувањето не го криеше ниту директорот на Алборг, Јан Ларсен. “Шокирани сме од повредата на Никлас. Тоа е голем удар за сите нас, особено сега кога сме пред почеток на важни натпревари во домашната лига и во Лигата на шампионите”, додаде Ларсен.

Останува да се види како отсуството на еден од најдобрите голмани на светот ќе се одрази врз амбициите на Алборг на почетокот на сезоната.

Гостинска статија на Марија Петровска

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено