Родри го пропушта стартот на сезоната поради повредата

 

Објавено:

Пеп Гвардиола се огласи денес во однос на повредата на Родри, а според најновите информации, фудбалерот на Манчестер Сити ќе мора да отстуствува од терените најмалку до средината на септември.

“Родри се чувствува подобро, но имаше голема повреда во последниот меч против Ал Хилал и во претходните пет или шест недели. Тој веќе тренира, но очекуваме да се врати во целост после интернационалната пауза”, изјави Гвардиола.

“Се надеваме дека во натпреварите пред тоа тој ќе може да одигра неколку минути. Но, најважно е да нема болки, бидејќи не сакаме да се врати и да се повреди повторно доколку избрзаме”, додаде тренерот на Сити.

Извор: https://onefootball.com/

Инаку Родри го пропушти поголемиот дел од претходната сезона откако имаше голема повреда на коленото, а се врати во игра на само двата последни натпревари пред да се упати на Светското клупско првенство.

“Последниве два-три дена тој тренира со нас, но очајно сакаме да избегнеме нови повреди, така што ќе видиме”, изјави Гвардиола пред новинарите.

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено