10.8 C
Skopje

Македонскиот репрезентативец Вајли се сели во литвански Ритас

Објавено:

Македонскиот повратник во репрезентацијата, Џејкоб Вајли потпиша едногодишен договор со литванскиот клуб Ритас.

Вајли, кој повторно одигра одличен меч за нашата репрезентација, се одлучил за овој трансфер поради понудените услови во Литванија, наспроти заинтересираните клубови од Шпанија.

Извор: https://kfsm.mk

“Морам да кажам дека имав и други понуди, пред се од екипи од Шпанија. Но, се одлучив на онаа која дојде од мојата менаџерска агенција која ме води во една нова кошаркарска авантура. Да играм во една од најкошаркарските земји во Европа, а можеби и во светот, Литванија.

Слушнав многу добри работи за Ритас, погледнав во медиумите, мислам дека ќе имаме и добар играчки ростер во следната сезона. Тоа, заедно со оние услови за живот, за мене и за моето семејство, беа причините поради кои се одлучив да ставам крај на оние летни ‘чекања’ кои се секогаш присутни кај професионалните спортисти, во овој случај кошаркари”, изјави Вајли.

Извор: https://kfsm.mk

Тој истакна и дека ова бил неговиот посакуван трансфер, а задоволството ќе биде поголемо доколу и со Македонија успее да оди понатаму во претквалификациите.

“Задоволен сум од понудените услови, а верувајте ми дека би бил уште позадоволен кога со нашата репрезентација би направиле успех и во овој ФИБА ‘прозорец’, односно да стигнеме до победи кои не водат во следниот круг од натпреварувањето”, истакна нашето крило.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено