6.8 C
Skopje

“France Football”, сè е во ред? Му го честитаа роденденот на Модриќ еден месец порано!

Објавено:

- Advertisement -
- Advertisement -

Да се биде организатор на најпрестижната фудбалска награда на светот, “Златната топка”, носи огромна одговорност. Но, изгледа дека администраторите на социјалните мрежи на “France Football” и Ballon d’Or малку се опуштиле.

Тие денес (9 август) на своите официјални профили објавија честитка за роденденот на освојувачот на “Златната топка” за 2018 година, Лука Модриќ. Проблемот? Роденденот на Модриќ е на 9 септември.

И на најдобрите им се случува да згрешат. Секако, и ние во Спортска Станица не сме безгрешни, меѓутоа… да му го утнеш роденденот на освојувач на Златна топка е веќе друго ниво. 😊

Погледнете ја урнебесната објава.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено