ОФИЦИЈАЛНО: Дарвин Нуњез е новиот фудбалер на Ал Хилал

 

Објавено:

После гласините на почетокот на летото дека фудбалерот на Ливерпул, Дарвин Нуњез ќе биде продаден во овој трансфер прозорец, сега и официјално тој беше претставен како нов играч на саудискиот Ал Хилал.

Ал Хилал синоќа на социјалните мрежи објавија дека “пантерот” и официјално го потпишал три годишниот договор со клубот, вреден 53 милиони евра плус дополнителни бонуси.

Нуњез беше еден од фаворитите на тренерот на Ал Хилал, Симеоне Инѕаги, а сега неговата желба се оствари.

Ливерпул се збогува со играчот кој беше еден од милениците на публиката, а во чест на неговото време поминато со “црвените” тие објавија видео со сите голови кој Уругваецот ги постигна за нив.

Извор: https://x.com/Alhilal_EN

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено