6.8 C
Skopje

Џокерот повторно испишува историја во НБА

Објавено:

- Advertisement -
- Advertisement -

Никола Јокиќ стана третиот играч во историјата на НБА кој успеал преку целата сезона да има просек на трипл-дабл. Со тоа им се приклучи на Расел Вестбрук и Оскар Робертсон како ЕДИНСТВЕНИ играчи во историјата на НБА кои го постигнале ова достигнување.

Вестбрук имаше во просек трипл-дабл во текот на три сезони со Оклохома Сити Тандер (во 2016-17, 2017-18 и 2018-19) и во една сезона со Вашингтон Визардс (2020-21), додека пак Робертсон го постигнал тоа во сезоната 1961-62 додека играл за Синсинати Ројалс.

Јокиќ е на прагот да ја освои и МВП титулата, а она што ја прави неговата сезона посебна е фактот дека тој е првиот центар на кој му успеало да постигне просек во трипл-дабл преку една сезона. Тој во моментов со 34 трипл-дабл е прв на листата на НБА, со уште еден официјален натпревар преостанат за Нагетс.

“Ако Никола не ја освои МВП титулата, тоа ќе биде прв случај во историјата некој со таква сезона да не го добие МВП признанието”, рече неговиот нов тренер Дејвид Аделман.

Јокиќ ја игра можеби неговата најдобра сезона досега по бројот на просечни постигнати поени и асистенции по натпревар.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено