Светскиот рекет број еден, Јаник Синер, има одличен старт на турнирот во Синсинати, а сега во третата рунда го совлада Габриел Диало со резултат 6-2, 7(8)-6(6) во сетови.
Мечот инаку беше прекинат цели 75 минути откако снема струја, а потоа и кога се огласи противпожарен аларм, но сепак и овие невообичаени услови не го спречија Синер да се пласира во најдобрите 16.
Во другите натпревари вчера, францускиот ветеран Адријан Манарино успеа да го совлада фаворизираниот Томи Пол со резултат 5-7, 6-3, 6-4 во сетови. 37 годишниот тенисер успеа да прикаже одлична игра и да го совлада 13-то рангираниот Пол.
Неговиот сонародник Теренс Атман исто така успеа да стигне до четвртата рунда за прв пат на голем турнир, откако го совлада Бразилецот Жоао Фонсека со 6-3, 6-4 во сетови.
Big fight 🗣️ pic.twitter.com/eKY2xora3I
— Cincinnati Open (@CincyTennis) August 12, 2025



